За Нас

ПОЧЕТНА | ПРОЕКТИ | КОНТАКТ
HOME | PROJECTS | CONTACT

За Нас
Тонко-СР од Кочани, е фирма во приватна сопственост која постои од 1992 година и се занимава со продажба на секаков вид на градежни материјали, од кои најмногу се застапени Ytong блоковите. Исто така се занимава и со производство и монтажа на метални конструкции, лимарски и браварски работи, како и лимени кровови и фасади панели на индустриски објекти.
Располагаме со производен објект од 1600м2 и друг од 400м2 кој е во фаза на припрема за градба на современ и модерен производен објект за метална индустрија на површина од 1500м2. Располагаме и со погон за производство на метални конструкции со квалитетни машини и врвни мајстори на својот занает.


Наша цел
Ние гледаме на иднината, предлагаме решенија, чесност и професионалност.
Наша цел е да ги разбереме потребите и очекувањата на клиентите, да го развиеме производството, и да ги следиме новите технологии за подобри поквалитетни и конкурентни производи на пазарот.


Дејност
– Градежни материјали
– YTONG блокови
– Производство и монтажа на метални конструкции
– Лимарски, браварски и други работи
– Кровови и фасади за индустриски објекти со лимови и панели
– Други работи за градежништвото
– Комплетни игралишта за мали спортови со оградување, поставување на вештачка трева и обележување.

Референца
Со нашето долгогодишно искуство имаме изведено многу објекти меѓу кои:
– Хангари, хали и настрешници за поранешна ЈНА
– Магацини, настрешници и хали за земјоделски комбинат 13ти Јули – Црна Гора
– Топлана во М. Каменица
– Транспортна лента во Рудници САСА
– Изведба на цевководи во РЕК Битола 3
– Производна хала во Мега Сеф Охрид
– Пумпа станица за платформа – Рудник САСА
– Цевководи на флотација – Рудник САСА
– Производна хала – ДИМ Валандово
– Производна хала – Хемија Комерц – Велес
– Платформа за летен ресторан – Велес
– Кров за Универзитет Гоце Делчев – Кочани